Почина 30 годишен маж од Охрид - го каснал стршлен
Триесет годишниот Борче Ј. од Охрид претпладнево околу 11:30 часот починал додека сечел дрва во селото Врбјани, близу Охрид. Како што информира полицијата, додека сечел дрва, налетал на гнездо од стршлени кои го нападнале. Веднаш била повикана Брза помош но кога пристигнале лекарите, Борче веќе бил мртов. Полицијата излегла на терен и извршила увид.
05.08.2013 - 21:40