Груевски: Времето ќе даде одговор на многу работи поврзани со кризата
Кога сме кај СЈО и кризата, неодамна од господинот Ахмети разбравме дека СЈО требало да работи до влезот на Македонија во НАТО, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во денешното свое обраќање на Годишната конференција на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сакам во оваа прилика да му се заблагодарам на господинот Ахмети, затоа што тој е првиот политичар кој јавно и без влакна на јазикот ја доведе работата на СЈО со влезот на Македонија во НАТО. Тоа што многумина го мислат и креираат тој го кажа. Односно со остварување на политичка агенда, а не агенда на владеење на правото. Кога ќе се земе предвид дека за членство во НАТО е потребно само решение за името, тогаш неговата реченица е следнава, СЈО нека работи додека не го смени името на државата, истакна Груевски.
Тој посочи дека благодарение на Ахмети се дознало која е целта за формирањето СЈО .
-Навистина, свесно или не, Ахмети прв јавно кажа која е целта за формирањето СЈО, И зошто некој бара продолжување на неговата работа. И кога сега ќе се потсетам на некои работи кои ги говорев во минатото кога опозицијата тврдеше дека тоа што го прават е автентична нивна агенда, сфаќам дека сум бил во право кога сметав дека времето ќе даде одговор на многу работи поврзани со кризата, рече Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа