Коалицијата „За подобра Македонија“ потпиша декларација за заеднички настап на изборите

 

Партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ денеска потпишаа декларација за заеднички настап претстојните предвремени парламентарни избори на 11 декември.

Декларацијата „Македонија „2020“ ја потпишаа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претставници на коалициските партнери во Музејот на Македонската борба за државност и самостојност. 

Во обраќањето лидерот на ВМРО-ДПМНЕ меѓу другото истакна дека граѓаните сакаат напредок и просперитет и оти тие ќе се залагаат за подобрување на животниот стандард.

 
 
11.11.2016 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега