Тешка сообраќајка на патот Делчево- Берово - повредени пет лица

Пет лица се повредени од кои две потешко во сообраќајна незгода меѓу патничко и товарно возило што се случи попладнево на регионалниот пат Делчево – Берово кај селото Нов Истевник.

Како што изјави раководителот на Итната медицинска помош во Делчево, Гоце Стоименовски, двете лица со потешко повреди на главата и вратот се пренесени во Клиничката болница во Штип, а другите се пуштени на домашно лекување.

Возачот на товарното возило по лекарскиот преглед е пуштен на домашно лекување.

Од СВР Штип информираат дека во моментот се врши увид на местото на несреќата, а за причините кои довеле до неа дополнително ќе информираат.

 
 
12.11.2016 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега