Мифтароски: Иселениците и дијаспората заслужуваат и мораат да имаат свои претставници во Собранието (ВИДЕО)

Носителот на изборната листа број 7 од дијаспората, Рамазан Мифтароски на днешната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ на која беа промовирани кандидатите за пратеници истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која се грижи за македонските иселеници и дека дијаспората секогаш претставувала нерасклинлив дел од македонското ткиво и таа е силен подржувач на Република Македонија како на економски така на политички план.

-Почитуван претседател на ВМРо-ДПМНЕ, Никола Груевски. Почитувани присутни, дијаспората секогаш претставувала нерасклинлив дел од македонското ткиво и таа е силен подржувач на Република Македонија како на економски така на политички план. Дијаспората години години наназад работела се борела и имала важни улоги историски улоги во создавање на независна Републулика Македонија како и во создавање на ВМРО-Дпмне како политичка партија. Токму затоа нашите врски со ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија од секогаш биле цврсти и нераскинливи, ние претставуваме мост за соработка со државите во кои живееме и работиме и ја промовираме нашата татковина Македонија и ги застапуваме и браниме нејзините интереси. Иселениците и дијаспората заслужуваат и мораат да имаат свои претставници во собранието на Република Македонија. Да не заборавиме дека повеќе од 20 години македонските иселеници беа заборавени од одредени политички гарнитури кои се менуваа на власт во минатото во Република Македонија, но благодарение на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Никола Груевски, конечно во 2011 година на парламентарните избори конечно нашите иселеници добија право и превилегија да имаат свои претставници во Собранието на Република Македонија. Дијаспората го доби она што го заслужува и долго ја чекаше убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во дијаспората. Дијаспората знае кој носи странски инвестиции во Македонија, кој инвестира во образованието, кој инвестира во здраството, кој ги штити националните интереси на Република Македонија и конечно дијаспората знае кој се грижи за нашите иселеници и нивните интереси. ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка партија во Република Македонија која до сега на многу начини како никој друг покажа и докажа дека искрено и вистински се грижи и се бори за македонските иселеници ширум светот, рече во својот говор Рамазан Мифтароски носител на листата во ИЕ 7.

 
 
12.11.2016 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега