Ѓорчев: Изборот е унитарност и уставен поредок или двојазичност и федерализација- Ова е битка за Македонија!

 

Чекавме долго помина април, чекавме уште и помина и јуни, чекавме и еве го декември, уште 29 дена. Часот е голем, значењето е огромно, луѓето се подготвени. Сите разбираме што е работата, сите гледаме што е ујдурмата, сите знаеме кој е ударот, истакна носителот на кандидатската листа во 6-та изборна единица на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

-Не треба ништо да кажеме, знаеме што и е на плеќи на Македонија. Знаеме што е влогот, знеме кој е ударот. Но, ние немаме немера да седиме со скрстени раце доколку некој сака да ја редефинира Македонија. Излегуваме! Ова е битка за Македонија! Тргнуваме, ајде браќа и сестри. Еве го 11 декември, едно избирачко место немаме намера да им препуштиме. Станува Македонија, рече Ѓорчев.

Имаме важна задача на 11 декември, додаде тој, кога ќе ги преброиме гласовите, тогаш ќе речеме Никола Груевски е повторно премиер на Македонија.

-Го клеветеа го напаѓаа, но остана на нозе. Го имаме најквалитетниот кандидат за премиер. Груевски или Заев- тоа е изборот. Изборот е јасен. Македонија порачува Никола Груевски за премиер, а ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со 62 пратеници.

Ѓорчев потенцираше дека ќе бидат посетени сите градови, населени места и села во западна Македонија.

-Ние во 6-та изборна единица ќе одиме во сите населени места и градови и ќе порачаме: Западниот дел на Македонија цврсто стои на унитарноста на државата, го браниме уставниот поредок. Изборот е унитарност и уставен поредок или двојазичност и федерализација. Во таа дилема, изборот за Македонија се знае кој е! Ова е битка за Македонија, за државата се работи.

 
 
12.11.2016 - 16:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега