Откриен идентитетот на мажот кој ја прободе сопругата во центарот на Скопје - полицијата трага по суровиот сопруг
Како што веќе објавивме, вчера во 17:30 часот, на улицата „Максим Горки“ во Скопје, една жена е прободена со нож, по што итно е пренесена на лекување во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“.
Според најновите информации од МВР, мажот кој сурово ја прободе својата сопруга е 55 годишен беровчанец Ѓ.Д. Тој, по расправија со сопругата М.Д. (55), со нож ја прободел во пределот на градите и побегнал.
Полицијата се уште трага и превзема мерки за пронаоѓање на сопругот.