Според Ферид Мухиќ „шарените платеници“ на СДСМ се муви кои мислат дека се орли

Кандидатот за пратеник на СДСМ Ферид Мухиќ, кој изненадувачки лидерот на СДСМ Зоран Заев го кандидираше на 5-тата позиција во втората изборна единица, повторно е во центарот на вниманието на разочараните членови и активисти на СДСМ.

Овој пат поради неговата контроверзна изјава за членовите на т.н. шарена револуција, платеничките вандали на СДСМ и Сорос кои два месеци дивееја по улиците на Скопје како параван на СДСМ и на крај завршија на пратеничките листи на Заев.

Мухиќ се наоѓа на листа токму како дел од т.н. коалиција со граѓаните на СДСМ, на која про-форма фигурираат и шарените активисти на СДСМ кои треба да глумат граѓанство. Тој за „шарените платеници“ изјави дека не се никакви револуционери, туку – обични протестирачи. Разликата меѓу тоа што се и тоа што сакаат да бидат ја спореди на следниот начин: шарените платеници се муви кои мислат дека се орли.

-Забележавте дека зборувам за Шарените протести; тоа е затоа што го користам коректниот поим, наместо Шарената револуција, којшто е во оптек. Имено, во конкретниот случај, ниту по својата инспирација, ниту по начинот на дејствување, ниту по крајните цели, не може да се зборува за револуција. Разликите што постојат меѓу поимите „протести“ и „револуција“ се огромни, поголеми дури и кога мувите би ги споредувале со орлите, пишува Мухиќ во текст објавен на порталот офф.нет.мк.

Мухиќ прво ги вознемири своите нови соборци и колеги со самото појавување на листата, бидејќи членовите и активистите на СДСМ сметаа дека е неправедно токму Мухиќ, кој според нив недоволно или воопшто не артикулирал критика кон власта да го зазеде местото на уличните и собраниски борци на СДСМ.

Потоа реагираа и сите кои не се согласуваат со неговите ставови за абортусот (смета дека е убиство) и борбите со кучиња (наводно учествувал во организирање на такви). На фановите на СДСМ им пречеше и тоа што изјави дека прифатил да е пратеник само под услов да биде независен во ставовите, на што Заев наводно се согласил.

Сега, се чини дека со споредбата на шарените платеници со муви, Мухиќ е на добар пат да го преземе пиедесталот од Лилјана Поповска од ДОМ како најомразен пратеник од листите на СДСМ меѓу членството на оваа партија. Иако конкуренцијата не е воопшто мала.

 
 
14.11.2016 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега