На штипјанка и впериле пиштол додека била на работа

На улицата „Љубен Иванов“ во Штип, во прехранбена продавница, продавачка преживеала ужас. Засега непознат маскиран и вооружен крадец влегол во продавницата држејќи пиштол во раката, го вперил кон вработената и ѝ побарал пари. Истата почнала да бара помош, по што тој се доближил до касата и со употреба на физичка сила ја отворил металната фиока, одзел околу 17.600 денари и го напуштил местото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот. 

 
 
15.11.2016 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега