Ханиоти, Неа Пори најопасни - 40 македонски семејства се вратија со оштетени автомобили од Грција

 

На Граничниот премин „Богородица“ скопјанецот Г.Ј. вчера пријавил дека во местото Полигирос, во соседна Грција, му биле украдени регистерските таблички од автомобилот. Вкупно досега македонската гранична полиција регистрирала 40 оштетувања на возила и одземање таблички во Грција. Дваесет и пет од случаите се пријавени во грчката полиција, која до МВР за нив се уште не доставила никаква информација.     

Од полицијата информираат дека скопјанецот Г.Ј. кој управувал „Фолксваген Голф“ со скопски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Полигирос, му биле украдени табличките. Скопјанецот ја пријавил кражбата и во грчката полиција.

Од вкупно 40-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори, каде се извршени шест. Во седум случаи било пријавено оштетување на возила.

Од вкупниот број случаи - 25 се пријавени од страна на наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.

Деветнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава. 

06.08.2013 - 12:09

најчитано сега