Тетовчанец преку ноќ осиромаши за 26.800 евра
Засега непознат натрапник украл накит вреден 26.800 евра од куќа во тетовското село Ларце.
Од полицијата информираат дека крадецот вчера провалил во куќата на 54 годишниот Н.К., ја пребарал куќата, го земал накитот и избегал.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.