Сакате да се вработите? Агенцијата за катастар има слободно работно место
Агенцијата за катастар на недвижности објавува јавен оглас за вработување на работник на неопределено време на следното работно место за кое право на учество на јавниот оглас има физичко лице, кое покрај општите услови ги исполнува и посебните услови предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за катастар на недвижности, и тоа:
1. Стручен советник на директорот за информатичка технологија – 1 (еден) извршител
VII/1 ЕТФ-ЕТ, КТИА, ПМФ информатика, студии по информатички и комуникациски технологии
2 (две) години, работно искуство
Кандидатите покрај доказите за исполнување на општите услови треба да ја достават и следната документација, во оригинал или заверена копија на нотар од:
- уверение/диплома за завршен степен на образование
- доказ за потребното работно искуство
Огласот трае 5 дена сметајќи го и денот на објавувањето.
Изборот ќе се изврши по пат на тестирање, во рок од 15 дена по истекот на рокот за поднесување молби. Материјалите потребни за тестирањето можат да се подигнат на веб страната на Агенцијата за катастар на недвижности www.katastar.gov.mk
За времето и местото на одржување на тестирањето, кандидатите ќе бидат дополнително известени. За извршениот избор, секој кандидат ќе биде писмено известен.
Некомплетни и ненавремено доставени молби нема да се земат во предвид при разгледувањето. Пријавите со потребната документација потребно е да се достават на следната адреса:
Агенција за катастар на недвижности