Тетово: Му ставил пиштол на главата среде бел ден

Во текот на вчерашниот ден, среде бел ден во 14 часот и 45 минути, на тетовчанец му репетирале пиштол. Се работи за 37-годишниот А.И.  од Тетово кој пријавил дека С.Н. исто така од Тетово, додека тој седел заедно со внук му во угостителски објект во близина на Тетовскиот Универзитет, дошол со Г.Р. инаку негов роднина, и го повикал да излезе надвор од објектот.

Тетовчанецот излегол и во возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски ознаки го забележал С.Н. заедно со лицето Ј.К. и тие започнале вербална расправија, по што му извадиле пиштол, го репетирал и го впериле кон него.

Ј.К. се вознемирила и почнала да вика, а С.Н. го стартувал возилото и заминал.

За настанот е известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилникот и за целосно расчистување на случајот.
 

 
 
16.11.2016 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега