Детали за трагедијата во Скопје: Откриен идентитетот на починатиот работник

Откриен е идентитетот на починатиот работник во катната гаража Солунски Конгрес во Скопје. Се работи за 57-годишниот М.В. од Скопје кој во 17 и 50 часот додека работел на одглавување на лифт, паднал и се лизнал од осмиот спрат.

Истиот од страна на Итна медицинска помош бил пренесен на КАРИЛ, каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по животот.

Утрово во 01.15 часот М.В. починал од здобиените повреди.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

 
 
16.11.2016 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега