МВР со детали за сообраќајката во која загина млада девојка од Скопје
Трагедија синоќа го зави Скопје во црно кога во 16 часот и 45минути на регионалниот пат Скопје – Велес, во населбата „Гоце Делчев“, млад живот згасна во сообраќајка. Според податоците кои денеска ги објави МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пежо Партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Д.П. од селото Јурумлери која удрила во автобус „Лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од страна на 32-годишниот скопјанец Т.П.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила девојката која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар Скопје. И покрај напорите на лекарите, таа во 18 часот и 20 минути починала.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата. По наредба на Јавен обвинител на местото излегол обдуцент од институтот за судска медицина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа