Струмица: Удрил во велосипедист па во паркиран автомобил

Во 12 часот и 40 минути во Струмица на булеварот „Ленинова“ се случила сообраќајна незгода во која возило „Форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Т.А. од селото Чанаклија, струмичко, удрило во велосипед управуван од 50-годишниот И.Н. од селото Добрејци и паркирано возило „Смарт“ со велешки регистарски ознаки, на 56-годишниот Б.С. од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот И.Н. на кој му била укажана лекарска помош во Медицински центар Струмица и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата.

 
 
17.11.2016 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега