Србов: Заев ја поткопува државноста на Македонија во трка за албански гласови

Србов вели дека Заев сака да биде поголем Албанец од Албанците и отвора прашања кои подоцна можат да ни создадат многу големи проблеми во државата, кои Албанците воопшто не ни помислиле да ги отворат.

„Знаат дека не е изводливо во овој момент да се поставуваат такви прашања токму поради рамката која ја добивме со војната од 2001 година и со тој Рамковен договор и во тој момент се пронаоѓа Зоран Заев да ги отвори овие прашања и да ја крене цената на албанските барања кога ќе се создава идната влада на Република Македонија“, рече Србов.

„Директно ја поткопува државноста на Република Македонија со ваквите изјави и со ваквиот тип на политика, ловејќи албански гласови. Уставот и државноста се поткопани од страна на господинот Зоран Заев“, заклучи Србов.

 
 
18.11.2016 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега