СИТЕЛ: Матични лекари иако немало потреба, пропишувале антибиотици за настинки

 

За кашлица и течење на нос пијат антибиотик. Над 50 проценти од болните со респираторни инфекции биле на антибиотска терапија, покажало истражувањето за примената на овие лекови во примарната заштита. Надлежните велат дека сме далеку од скандинавските земји каде тој процент е околу 7, но многу подобри од Грција и други европски земји. Податоците треба да им помогнат за надминување на пропустите кај матичните и намалување на употребата на антибиотиците. Едуакција е неопходна и за пациентите, кои многу често сами кажуваат дали и кој лек треба да го добијат.

- Уште кога ќе влезат во ординација самите инсистираат што треба да им биде пропишано. Ако не го добијат тоа, менуваат лекар и се обидуваат се додека не го добијат тоа. Но респираторните инфекции не минуваат така...Температура 4 дена, кашлица две недели, течење на нос...вели доц. др. Катерина Ставриќ   

Дури 88 проценти од пациенти со болки во грлото примаат антибиотик, а реално, според Ставриќ на терапија треба да бидат 20 до 30 проценти. Злоупотребата и нереалната примена на овие лекови може да доведе до резистентност.

-Антимикробната резистенција е проблем кој доаѓа со нереална примена на антибиотици ..и кај возрасни и кај деца, вели Ставриќ

Експертите децидни дека мора да се преземат конкретни мерки за рационално пропишување на антибиотици, за да не се врати минатото кога пациенти умираа од инфекции. 

 
 
18.11.2016 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега