Пешевски на средба со жителите од повеќе села
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Пешевски оствари посета на месните комитети во Ново Село, со жителите од Мокрино, Мокриево, Смолари, Ново Коњарево, Колешино, и Сушица.
Тој истакна дека граѓаните се пред избор, за ВМРО-ДПМНЕ, што претставува глас за реални проекти за потребите на сите граѓани, или за СДСМ, што е глас за манипулации, шпекулации и “проекти” со кои се креира политичка криза во земјата.
Изминатите години посветено се работеше на поддршка на земјоделците, над 4 милиони евра за субвенции се исплатени само на земјоделците од Ново Село.
Посветено се работи и на изградба на инфраструктура, за побрзо и побезбедно движење на стоките и луѓето, а тоа ќе продолжи и понатаму. Во овој регион ќе се продолжи со изградба уште поинтензивно во наредниот период.
Се поддржуваа и ќе се поддржуваат и пензионерите. Со континуирано подигнување на висината на пензијата и со последното покачување од 5%, просечната пензија достигна покачување од околу 80%, а воедно се исплаќаат навремено и брзо.
ВМРО-ДПМНЕ има стекнато кредибилитет кај граѓаните со спроведените проекти, народот ги препознава вистинските вредности и ја дава искрената поддршка за партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа