Полицаец од Охрид направил драма

Полициски службеник од Охрид синоќа во ресторан во охридското село Косел им се заканувал и упатувал навредливи зборови кон повеќе лица вработени во СВР Охрид.

МВР соопшти дека С.С. кој бил во униформа, за време на извршување на работни задачи, заедно со уште еден полициски службеник седел на една од масите и конзумирал алкохол и во еден момент од џебот од униформата извадил повеќе листови на кои имало кривични пријави со датум од 18 месецов. Притоа гласно почнал да упатува закани и навредливи зборови кон лица вработени во СВР Охрид.

– Причина за заканите и навредите била да се наруши интегритетот, угледот, честа и достоинството на пријавителите како повисоки раководни лица во СВР-Охрид, со што кај нив предизвикал чувство на страв, вознемиреност и несигурност. За настанот е запознат Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, информира МВР.

 
 
19.11.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега