На овој број пријавете повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска граѓаните можат да пријават каква било повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321, којашто ќе функционира од 8 до 16 часот.

Ќе може да се пријават неправилности во изборниот период и на денот на гласањето.

- По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или  снимената порака. Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

 
 
21.11.2016 - 08:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега