Скопје меѓу најстудените градови - студот сече утринава

Се разбудивме со магла. Утрово студот сече во Македонија. Најстудено утринава е во Берово каде се измерени - 4 степени Целзиусови, -2 Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, Битола, -1 Демир Капија, Гевгелија, 0 во Куманово, Скопје-Зајчев Рид, Маврово, Штип, Прилеп, 1 Крива Паланка, Дебар, 2 Лазарополе, Претор, 3 Тополчани, Охрид, Крушево, 4 Ѓуриште, Пожаране и 6степени се измерени утрово во Дојран.

Утринава е ведро со мала до умерена локална облачност. Во Скопската и Полошката котлина, како и во котлините во југоисточна Македонија има магла со ограничена хоризонтална видливост. На повисоките места дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо и постудено. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи од 13 до 17 степени.

 

Во Скопје претпладне магливо, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

 

 

 
 
21.11.2016 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега