Студот го направи своето: За што се жалат Македонците?

 

Во изминатата недела (14-20 ноември) на телефонската линија „Ало докторе“ (02/15 123) имало 1.183  повици за медицински совет.

Како што информира ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, од 15 септември 2014 година кога почна да работи, на телефонската линија „Ало докторе“ имало вкупно 120.432 повици.

Линијата е  достапна секој ден,  24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Вкупно 25  доктори се достапни за медицински совет за  јавувањата, кои се  од граѓани од сите градови на Македонија.

- Јавувањата најчесто се за  совети  поврзани со  кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, сезонски настинки  и симптомна болка. На  лицата  кои  побараа  здравствена помош на  линијата  „Ало докторе“ им е даден  медицински  совет и соодветна симптоматска  терапија, соопшти ЈЗУ Здравствен Дом Скопје. 

 
 
21.11.2016 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега