Трипуновски во Кривогаштани: Тутунопроизводството приоритет на ВМРО-ДПМНЕ

Трипуновски зборуваше за значењето на производството на храна, но и директната зависност од стабилна  извршна власт, која во моментов е неопходност.

Трипуновски во средбите со тутунопроиводителите потенцираше дека подобриот квалитет на тутунот од годинашната реколта, значи и повисока цена за оваа традиционална култура во овој регион. Постојана е контролата од страна на институциите со цел да бидат заштитени тутунопроизводителите, односно правилно да биде вреднуван нивниот труд.

Во населените места Воѓани, Крушеани, Обршани и Бела Црква во општина Кривогаштани стана збор и за перспективите на ваквото производство за кое особено внимание посветува владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

На секој граѓанин му е јасно што значат релаксирани услови за живот и работа,  кога енергијата нема да се троши на бесмилени, испровоцирани и наметнати односи од страна на СДСМ, наспроти избраните претставници од народот на последните парламентарни избори.Затоа, не треба да има никаква дилема: само 63 пратеници од ВМРО ДПМНЕ во идниот законодавен дом се вистинска гаранција за враќањето во нормален колосек и продолжување на патот на развојот.

-На секој поединец му е јасно што прави Владата, дури и во вакви услови, а потврда за бизнис условите дојде и до Светска банка, од Дуинг бизнис за високата десетта позиција на Република Македонија во светот. Земјоделството како особено значаен сегмент во тие рамки ќе добие уште подобри позиции, зашто продолжува поддршката за поголемо и поквалитетно производство на храна, истакна Трипуновски пред присутните на средбата во општина Кривогаштани.

 
 
21.11.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега