„Дај ги парите или ќе пукам“ - ограбено казино во Радовиш

Непознато маскирано и вооружено лице се обидело да изврши разбојништво во казино на плоштадот „Слобода“ во Радовиш, соопшти полицијата.

Настанот се случил вчера попладне околу 18 часот кога сторителот влегол и, заканувајќи се со пиштол, побарал пари од вработените. Но, откако не му биле дадени пари, го напуштил местото на настанот.

Извршен е увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 
 
21.11.2016 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега