ТРАГЕДИЈА: Почина трудница во болницата во Штип - докторите не успеале да го спасат ни детето

Дваесет и шестгодишна трудница од Штип во поодмината бременост почина во штипската Клиничка болница.

Трудницата синоќа била примена во Итната медицинска помош со симптоми на труење, односно дијареа и повраќање, а откако и е укажана лекарска помош, се вратила дома. Но, рано утринава и се влошила состојбата по што семејството ја однеле на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип. По направената анализа на крвта, веднаш е префрлина на Одделението за гинекологија и акушерство. Тимот од лекари процениле дека нејзината состојба е животно загрозувачка за да се транспортира во Клиничкиот центар во Скопје, по што веднаш почнале со нејзина реанимација и се обиделе да го спасат новороденчето, но обидите биле неуспешни.

Раководството на Клиничката болница го потврди случајот и најави дека во текот на утрешниот ден подетално ќе информира за смртта на 26-годишната трудница и нејзиното новороденче.

Телото е предадено на обдукција во Скопје со цел да се утврдат причините за смртта. 

 
 
21.11.2016 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега