Живата на термометарот длабоко под нула: Во овие градови е кочан утрово

Утринава е многу студено, Македонија е окована во студ. речиси во сите градови низ Македонија температурите се под нулата.

Најстудено е во Битола каде се измерени -3 степени Целзиусови, потоа следуваат Крива Паланка и Куманово со -2, -1 Тетово, Берово, Маврово, 0 Скопје Петровец, Демир Капија, Прилеп, 1 Лазарополе, Пожаране, Крушево, Штип, 2 Ѓуриште, Скопје, Претор, 3 Тополчани, Виница, Охрид, 4 Дебар, 5 Струмица, 8 Гевгелија и 9 Дојран.

Вдолж Повардарието, но и во Пелагонија и во Дебарскиот крај утрово има магла, или само намалена видливост. На крајниот југоисток има и ниска облачност. Во останатиот дел од земјата е ведро. Во Скопската котлина исто така има магла, а кон запад само намалена видливост.

Претпладне во долините ќе се задржи магла која постепено ќе слабее. Ќе се намали и облачноста која сега ја има на југоисток Од пладневните часови ќе преовладува претежно сончево и тивко. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 16 степени. Во Скопје претпладне со магла, а понекаде само со намалена видливост. Од пладневните часови че биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Температурата до 10° С.

 

 

 
 
23.11.2016 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега