Три дечиња силувани за три дена - хорор во Македонија

Оваа недела забележани се многу случаи на силувања и педофилија во Македонија. За жал, секојдневно има вести за силувани дечиња.

Само во последниве три дена, од стартот на неделата, во полиција биле пријавени неколку силувања.

Триесет и едно годишната С.М. од Кочани пријавила дека нејзината 14 годишна ќерка била два пати силувана. Според пријавата, И.М. од Кочани во два наврати извршил силување и други полови дејствија врз малолетничката. Од полицијата информираат дека пријавениот со возило ја однел малолетничката на местото Гумата, село Грдовци насилно ја извлекол од автомобилот, ја соблекол и ја допирал по интимните делови и ја бакнувал. Истото дело го повторил веднаш потоа, на периферијата од градот.

Девојчето во двата случаи се обидело да се оттргне од него и барало помош.

Исто така, вчера две дечиња биле силувани.

СВР Битола поднесе кривична пријава против 62-годишниот М.М. поради полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Пријавениот извршил полови дејствија и се самозадоволувал пред десетгодишно девојче од Битола. М.М. го искористил отсуството на мајката на девојчето и го извршил делото во нивниот дом. Судија на претходна постапка на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

МВР информира за уште еден случај на педофилија, во Куманово. Пред два дена 34-годишната Н.С. од Куманово пријавила во полиција дека околу 23.00 часот, додека спиела, нејзината единаесетгодишна ќерка била повикана од соседот Д.М. од Куманово да влезе во неговото возило. Откако влегла во возилото  Д.М. ја натерал орално да го задоволува. Биле забележани од сестрата на девојчето и која го прекинала дејствието.

За настанот е запознат Центарот за социјални работи Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
23.11.2016 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега