Вељаноски оствари средба со здравствените работници во Ѓорче Петров

Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Изборна единица 2, Трајко Вељаноски денеска ја посети Јавната здравствена установа „Геронтолошки Завод 13 Ноември“ во Општина Ѓорче Петров и воедно оствари средба со здравствените работници.

На средбата Вељаноски ги презентираше дел од мерките и проектите од новата изборна програма на Коалицијата за подобра Македонија „Реално“, кои се однесуваат на модернизација на здравството во следните четири години.

3

Односно инвестирање во носечките столбови на квалитетен здравствен систем, здравствената инфраструктура, набавка на најсовремена медицинска опрема, унапредување на знаењата и вештините на медицинскиот кадар, како и унапредување на здравствената заштита на секој граѓанин во државата.

2

Вељаноски истакна дека унапредувањето на квалитетот на здравствените услуги е еден од врвните приоритети.

1

 
 
23.11.2016 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега