Комисијата за односи со верските заедници го честита Рамазан Бајрам

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи им го честиста големиот празник Рамазан Бајрам на Исламската верска заедница, на Реис Ул Улема Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и на сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

- Рамазан беше месец во кој верниците заедно со своите семејства се обединуваа во својата вера, посветеност и молитва. За време на овој свет месец, граѓаните со исламска вероисповед преку искушенијата на постот се поведоа по највозвишените вредности: дисциплина, мудрост, трпеливост, воздржаност. Длабоко се надевам дека овие предизвици ја отворија можноста да се осврнете на Аллаховите благослови во Вашиот живот и истите да ги споделите со семејствата и Вашите блиски. Ви посакувам Вам како и на сите муслимани во Република Македонија многу здравје, мир и среќа, стои во честитката од директорката на Комисијата Валентина Божиновска.

Во духот на Исламот и на празникот Рамазан Бајрам, Божиновска посакува црвсто пријателство, соживот и соработка меѓу сите луѓе и заедници во Република Македонија со надеж, како што вели, дека ваквата меѓуверска и меѓуетничка соработка ќе придонесе за мир и просперитет во земјата. 

најчитано сега