Груевски од Кавадарци: 3 милиони евра дополнителни субвенции за лозарите, веднаш по формирањето на нова Влада

На денешната седница на Владата донесена е одлука која ќе се спроведе веднаш по формирање на нова Влада, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од Кавадарци. Станува збор за обезбедување на дополнителни 3 милиони евра за субвенции за откуп на грозје.

-Веднаш по формирањето на нова Влада ќе издаде ново субвенции за лозарите и тоа за оние кои што имаат до 0,5 хектари додатно ќе добијат 20.000 денари, од 0,5 до 1 хектар дополнителни 15.000 денари, а за оние од 1-5 хектари дополнителни 10.000 денари, објави Груевски.

Оваа одлука, појасни тој, е како резултат на потешкотиите со кои се соочуваат лозарите.

-Со овие дополнителни 3 милини евра или 180 милиони денари и заедно со претходните кои се основна субвенција за лозарите ќе бидат достапни вкупно 460 милиони денари субвенции за оваа намена, рече Груевски.

 
 
23.11.2016 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега