Продолжуваат отворените денови на ФЗОМ

 

Директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски денеска се наоѓа во подрачната служба во Кавадарци каде ќе има отворени денови за осигурениците.

Стефановски зборуваше за праксата на отворените денови на ФЗОМ, истакнувајќи дека целта е да се оствари директна комуникација со осигурениците, што е многу значајно во креирањето на нивните политики.

„Продолжува праксата на фондот на здравствено осигурување на Република Македонија за отворени денови, при што ќе се искористи приликата да се разменат идеи и предлози за подобрување на работата и секако да се продискутира за одредени проблеми и да се најде решение за истите. Континуирано, повеќе од година дена го споменуваме овој проект, традиционално секој четврток отворените денови се во фондот за здравствено осигурување. Се трудиме да бидеме поприсутни во секој дел од државата и сметаме дека взаемната комуникација со нашите осигуреници е најзначајна во креирањето на политики за иднината“, истакна Стефановски.

 
 
24.11.2016 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега