Муцунски: Со проектот „Парт тајм“ ќе се подготват младите за пазарот на труд

Програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните парламентарни избори нуди бројни програми содржани во над 500 страници.

Проектите за младите остануваат еден од главните фокус групи на партијата.

-Работењето на ВМРО-ДПМНЕ се чувствува со позитивните ефекти за младите. Градот Штип тоа го гледа преку основањето на Универзитетот Гоце Делчев, големиот број на странски инвестиции и мерки кои до сега се имплементирани за младите. Политичката програма „Реално“ предвидува голем број остварливи проекти со конкретен рок за реализација и конкретен буџет, подвлече заменик министерот за информатичко општество Тимчо Муцунски.

Во Штип се промовираше проектот „Парт тајм“ работа за млади. Проектот предвидува 4 часовно работно време за студентите на државните и приватните универзитети а компаниите кои што ќе ги вработат тие млади луѓе во период од една година ќе добијат ослободување за задолжителни социјални придонеси, како и данок за доход.

-Целта е да се подготват младите за пазарот на труд и сметаме дека ефектите кои што ќе ги постигне ќе ја подобрат севкупната економска состојба и ќе го подигнат уште повеќе стандардот на младите, подвлече Муцунски.

 
 
24.11.2016 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега