Шекеринска ја претстави сестра си како економски емигрант, а таа од Светска банка е унапредена во Вашингтон

И самите веќе не си веруваат на себе, па почнаа да ја кажуваат вистината. А вистината е следна: програмата на СДСМ нуди бесперспективност и иселување на младите од државата. И тоа не го измислуваме ние, туку го признаа самите кандидати за пратеници кога ја презентира програмата на партијата во Тетово.

Во својата изјава за медиуми, кандидатот за пратеник Татјана Лалчевска рече дека СДСМ нуди бесперспективност и иселување на младите и работоспособните.

-Сакаме да ја искористиме и можноста на граѓаните да им презентираме дел од програмата на коалицијата предводена од СДСМ и воедно тие да бидат запознаени со еден план кој што нуди промени во Македонија, план за подобар живот во нашата татковина. Исто така програмата на СДСМ нуди решенија за решавање на сите проблеми на граѓаните, односно на моите сограѓани тука во Тетово и во целата Македонија, план кој што овозможува БЕСПЕРСПЕКТИВНОСТ И ИСЕЛУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ И РАБОТОСПОСОБНИТЕ, рече Лалчевска.

 
 
24.11.2016 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега