Земјотрес ги разбуди жителите на Македонија

Земјотрес со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван во јужните делови на Македонија.

Земјотресот, како што информираат од Сеиозмолошката опсерваторија, се случил во 02 и 25 минути со Рихтерова локална магнитуда од 3 степени, а епицентарот се наоѓа во соседна Република Грција.

Неделава се случија серија земјотреси во Македонија, почувствувани токму од Грција.

Се надеваме потресите ќе запрат и ќе имаме мирни денови.

 
 
25.11.2016 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега