ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Што не чека?

 

Доаѓа викендот и веста што сите ја очекуваме со нетрпение, дали ќе не послужи времето за забава, прошетки и дружење. Денеска ќе биде стабилно и посвежо, додека во сабота не очекуваат врнежи од дожд.

За време на викендот се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.

Од понеделник нашето подрачје ќе потпадне под влијание на многу студена воздушна маса од север што ќе услови засилен северен ветер проследен со значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови, особено претпладнето. 

Дневната температура на места ќе се задржи околу нула.

Со промената на времето ќе се намалат условите на загаденост на воздухот.

 
 
25.11.2016 - 10:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа