Автобус удри во автомобил, има повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера околу 20.00 часот на патот Битола- Прилеп. Во несреќата учествувале автомобил  марка „Опел Вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 45-годишниот  Б.М. од Битола и автобус „Санос С314“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот З.С. од с.Единаковци, демирхисарско.

Според информациите на МВР, во сообраќајката  со тешки телесни повреди се здобил Б.М., возач наавтомобилот Опел Вектра и на истиот му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на настанот извршила екипа од полициска станица - Битола.

 
 
25.11.2016 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега