Влегле во нива и почнале да сечат дрва - полцијата фати четворица дрвократци во Штип

Вчера  околу 15.15 часот во секторот за внатрешни работи  Штип, 25-годишниот Е.З.  од с.Шашаварлија, штипско, пријавил дека на м.в. ,,Бостанлик“,  Љ.Н. и уште четири непознати лица, кои биле со ПМВ „Лада“ и ПМВ „Форд Мондео“, од нива лоцирана на наведената локација, во сопственост на таткото на пријавителот, извршиле бесправна сеча на три кубни метри огревни дабови дрва.

-  Сопствениците на дрвата се обиделе да ги спречат во понатамошната сеча на дрва, при што сторителите најпрвин им упатиле сериозни закани по животот и телата, а потоа и физички ги нападнале удирајќи ги со тупаници, клоци и со дрва во пределот на телото и главите, нанесувајќи им видливи телесни повреди.  После тоа сторителите со возилата и исечените дрва избегале од местото на настанот. По преземени мерки било дојдено до сознание дека сторители се Љ.Д. (37) и четири малолетници (двајца на 17 години, еден на 16 и еден на 15-годишна возраст), сите од Штип, велат од полицијата 

Осомничените лица биле повикани во секторот за внатрешни работо  Штип и бил извршен разговор во присуство на нивините родители, при што истите го појасниле времето, местото и начинот на извршување на кривичното дело. За настанот е запознаен Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Штип. Извршен е увид на местото на настанот.

 
 
25.11.2016 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега