Средба на Попоски со европратениците Вајгл, Кукан и Флекенштајн

 

Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски, оствари средба со членовите на Европскиот парламент Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн кои престојуваат во Македонија.

На средбата, како што соопшти МНР, министерот Попоски ја истакнал важноста за фер и демократски избори и изразил благодарност за поддршката на Европскиот парламент за евро-интегративниот процес на Република Македонија и заложбата за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.

Попоски ги запознал соговорниците со активностите на земјата во насока на јакнење на регионалната соработка и унапредување на добрососедските односи. 

Членовите на Европскиот парламент го нагласиле значењето од одржување на кредибилни избори, што би ја детерминирала натамошната динамика на пристапниот процес на Република Македонија. 

 
 
25.11.2016 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа