Ѓорчев: Реконструкција на патишта и мостови и ТИРЗ во Маврово - Ростуше

 

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Шестата изборна единица Влатко Ѓорчев денеска прстојуваше во општина Маврово - Ростуше и посети неколку долнорекански села.

По средбите со граѓани и посетата на неколку компании кои работат во ова подрачје, Ѓорчев најави целосна реконструкција и нов асфалт од Гостивар до Кичево.

Тоа значи, нагласи тој, дека со тој нов асфалт и целосна реконструкција на постојните мостови, уште полесно од Скопје ќе се стигнува до Маврово.

- Уште еден клучен проект за овој регион е технолошко-индустриската развојна зона Маврово - Ростуше, зад која ќе стои државата за повеќе инвестиции, за повеќе вложувања во овој крај. Проектите се видливи – многу регионални и локални патишта, локални проекти, но сакаме уште повеќе. Цврсто стоиме зад општината зашто ваква општина Маврово-Ростуше е најдобар сервис на граѓаните, додаде Ѓорчев.

При посетата на неколку рекански села со Ѓорчев беа и градоначалникот Мукрем Мехмеди и претседателот на оппштинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Фуад Черкези. 

 
 
25.11.2016 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа