Мисајловски: ВМРО ДПМНЕ станува симбол за Македонија и за проекти

 

Во новата програма што ја предвидуваме, политичката партија ВМРО ДПМНЕ излегува реално пред граѓаните и ветува она што може да го исполни, а тоа е, нови проекти, и многу подобар живот за граѓаните на Република Македонија, изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

Тој потенцираше дека ВМРО ДПМНЕ станува симбол за Македонија, отсекогаш бил и така ќе продолжи и нагласи дека ВМРО ДПМНЕ исто така станува и симбол за проекти.

-Секаде во Република Македонија се градат нови инфраструктурни проекти, се гради она што е потребно за граѓаните, а тоа е најважно и затоа ние сите ќе продолжиме заедно да ја градиме Република Македонија, заклучи министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.

 
 
25.11.2016 - 17:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега