СИТЕЛ: Носителите на листи на Коалицијата за подобра Македонија на средби со граѓаните

 

Носителите на листи на коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ на средби со граѓаните промовираа дел од прoектите предвидени во програмата Реално. Од Македонски брод, Никола Поповски како носител во првата изборна единица најави изградба на велосипетско-пешачка патека во должина од 3.600 метри особено значајна за развој на туризмот, завршување на 6 локални патни правци, после завршувањето на 43 патишта до населените места во оваа општина.

За Македонски Брод имаме испланирано еден од клучните прокети, а тоа е изградбата на патниот правец помеѓу Скопје и Македонски брод. Тендерската процедура е завршена и веруваме дека ќе биде отпочната изградбата веднаш штом се заврши електронската аукција, а овој проект ќе биде од значаен карактер за двата града изјави Никола Попоски. 

Пред жителите на Ѓорче Петров, ностиелот во втората изборна единица Никола Тодоров најави изградба на 140 градинки во вредност од 25 милиони евра и многу капитални проекти.

Еден од проекти кој што сакам денеска да го споменам  Центарот за рани во Геронтолошкиот завод во Ѓорче Петров со што ќе се овозможи отворање на ваков центар првпат и во општина Ѓорче Петров и на ниво на јавното здравство во Македонија. Со тоа што тука ќе се зголемат и капацитетите на Геронтолошкиот завод за околу 100 легла, рече Тодоров.

Нов ски-центар во Берово со капацитет од 600 луѓе и дополнителни 6 милиони евра за привлекување странски туристи, најави носителот во третата изборна единица Илија Димовски.

-Предвидена и изградба на автопатот до Штип кој што е во завршна фаза, изградбата на експресниот пат од Штип за Кочани кој што многу наскоро ќе почне да гради како и комплетна реконструкција на патот од Виница за Берово, рече Димовски.

Како дел од програмата Реално, Антонио Милошовски од петтат изборна едница најави покачување на пензиите за 10,25% и нови поволности за пензионерите.

 Зголемување на пензиите за 10.25 %, дополнителна  програма за бањска рекреација на пензионерите која ќе важи за 22.000 пензионери  и рекреативни туристички викенди за 15.000 пензионери  е предвидено во  програмата „РЕАЛНО“ на ВМРО-ДПМНЕ, најави Антонио Милошоски.

Носителот во шестата изборна единица Влатко Ѓорчев ја презентираше програмата пред жителите на Маврово-Ростуше, каде посети неколку домашни компании.

Технолошко индустриската развојна зона Маврово-Ростуше во која ќе има големи поволности и инвеститори кои државата ги собира да ги донесе. Заедно на тоа кога ќе ја поврземе и локалната економска зона и поволностите за руралните економски зони, поволности кои ги нема никаде во светот- за нови вработувања, за 2.000 евра субвенција по вработен, по 4.000 евра ако вработат стечаец, 10 години поволности во делот намалени даноци, сето тоа се работи кои ќе го раздвижат овој крај и на сето тоа треба да се надоврзе и проектот на фабрики кои беа жртви на транзицијата, а кој исто така е многу важен, додаде Ѓорчев.

Ѓорчев најави и целосна реконструкција и нов асвалт од Гостивар до Кичево и целосна реконструкција на постојните мостови со што ќе се олесни патувањето од Скопје до Маврово. 

 
 
25.11.2016 - 17:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега