СИТЕЛ: Црн петок - Реални попусти или само трик за полнење на трговските центри?

Американски црн петок го зафати и Скопје.  Гужва турканици, колони возила пред  големите шопинг молови во градот.  Сепак  оние потрошувачи кои прошетале  по  дуќаните велат дека цените се високи, а попустите нереални. Дека црниот петок во Македонија не е како во останатите светски метрополи. Велат во светот на овој ден потрошувачите можат да купат парче производ  по невообичаено  ниска цена додека кај  нас Black Friday  малопродажните маркети од сите дејности  го користат како обичен маркетиншки трик  за да првлечат  повеќе купувачи.

Од шопинг моловите тврдат дека попустите се од 20 до 40 отсто, исто како и во другите метрополи.  За разлика од лани на првиот ден од  Black  fridey посетеноста е зголемена за 30 отсто, а 80 отсто повеќе купувачи има во споредба со обичен петок кога највеќе пазарат македонските граѓани.

Во Америка Black Friday е веднаш после денот на блаgодарноста. Со овој ден се означува почетокто на големата божикна шопинг сезона и е најпрометен ден во малопродажбата. Не е прогласен за празник, но во Калифорнија и некои други држави во Америка на овој ден државната администрација е ослободена од работа.

 
 
25.11.2016 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега