Груевски: Народот ја прочита играта на Заев и затоа ќе остане покрај оние кои градат и работат за нив

Граѓаните ја прочитаа намерата на Заев и затоа ќе останат со опцијата која работи за сите граѓани, порача меѓу другото лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од митингот во Гевгелија.

-Народот ја виде играта и виде дека сите тие нереди што се случуваа во земјата не беа случајни и дека некој се ставил во нечија служба. Народот е мудар и остана со опцијата која гради и работи за сите граѓани. Сега сликата е јасна. Причините за најтешката политичка криза и зошто Заев ја прифатил улогата јасно се гледа. Тоа не е само муабет, туку опасна и штетна идеја за рекомпонирање на државата. Тој таа идеја ја напишал и во својот памфлет и самиот ја најави во Швајцарија, истакна Груевски.

 
 
25.11.2016 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега