СИТЕЛ: Македонија отплати кредит од 130 милиони евра, јавниот долг повторно под 50% од БДП
Јавниот долг се намалува. Денеска Министерството за финансии отплати кредит од 130 милони евра кон Сити банк и Дојче банк. Со тоа јавниот и државниот долг се намалени за 1,4 процентни поени.
Со оваа исплата, јавниот долг се намали на под 50%, изнесува 49,2%, а државниот падна на 40% од БДП.
Состојбата со јавните финансии во земјата е стабилна, нема пречки во исплатите и Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пениознирање или за зголемување на стапката на придонеси, вели Миноски.
Министертсвто за финансии, НБРМ и Агенцијата за супервизија на осигурувањето денеска ги доделија наградите на најспешните деца пријавени на конкурсот по повод денот на штедењето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа