Доаѓа снегот во Македонија

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно. Од попладневните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите делови.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје претежно облачно. Во текот на ноќта ќе има слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Локални врнежи ќе има и во недела претпладне, како и кон крајот на денот и во вечерните часови. Во деновите од викендот се уште ќе биде релативно топло, а условите за магла ќе се намалат.

Од понеделник под влијание на влажна и студена воздушна маса од север ќе има врнежи од дожд проследени со засилен северен ветер кој ќе предизвика значителен пад на температурата. Попладне врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Од вторник ќе биде многу студено и ветровито со провејување на снег и во пониските делови.

 
 
26.11.2016 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега