Божиновски: Заев ќе привлече албански гласачи, но на сметка на тоа ќе изгуби поголем број македонски гласачи

Во Европската Унија не се користи зборот федерализација, но има одредени струи кои стремат кон тоа, така е и кај нас, не се употребува зборот федерализација, но се стреми кон тоа, вели во емисијата „Радио Полиграф“ на Радио Слободна Македонија, политикологот и аналитичар Владимир Божиновски.

Според него, СДСМ не мора да го употреби зборот федерализација кога ветува, но постапките и понудите кон албанското гласачко тело де факто значи приод, односно движење кон федерализација.

-Заев ќе привлече албански гласачи, но на сметка на тоа ќе изгуби поголем број македонски гласачи, истакна Божиновски.

Како пример за федерации во Европа тој ги спомена Швајцарија и Белгија, но вели дека двете држави се збир на повеќе територии кои решиле да се здружат, а не биле една целина која се раздвоила на кантони.

Божиновски потенцира дека Македонија била Македонија, и како таква територија егзистирала стотици години.

 
 
26.11.2016 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега