Науновски: Ниту еден рационален Македонец нема да гласа за оваа таканаречена програма на СДСМ

 

Сосема јасно е дека Македонскиот народ консензуално ќе гласа против очигледната антимакедонската политика и програма на СДСМ. Од пред две години се завршени сите резултати на изборите, поради очигледниот факт дека ВМРО-ДПМНЕ денес е единствениот спас за државата и колективната егзистенција на Македонците, вели политичкиот аналитичар Тони Науновски коментирајќи ја псоледната анкета на „Брима Галуп“.

-Конкретно, секое длабинско истражување на објективните фактори и мотивацискиот комплекс, сфатени како две меѓусебно поврзани димензии интериоризирани во субјективниот систем на мислење кои го даваат главниот клуч за разбирање на реалноста во однос на изборите, е втемелен на дистинкцијата помеѓу разбирањето и личната рецепција на реалноста, од една страна, односно историјата и нејзините значења, од друга страна. Секако, овие фактори-сегашноста односно актуелниот миг, со сиот огромен спектар на микро-планови кои ја манифестираат реалноста, и историјата, сфатена примарно како извор на легитимитет но и како хоризонт за проекција на субјективно-колективните надежи, желби и автопроекции, денес го даваат апсолутниот одговор дека ниту еден рационален Македонец, соочен со вистината, нема да гласа за оваа таканаречена програма на СДСМ, вели Науновски за КУРИР.

Македонскиот народ, секој Македонец поединечно, потенцира Науновски, на 11 Декември 2016 година просто мора, соочен со оваа невидена во поновата наша историја брутална нерационалност, да бидат сами по себе сигурни во себеси и својата иднина, како колективни репрезенти, квинтесенција на Македонскиот Ум, како современа сила на милениумскиот Македонски народ.

-Лудоста и пакоста во Македонската политика мора да бидат прекинати, отфрлени, осудени, пред легалните и легитимни институции на Македонскиот народ и пред националниот дух што знае дека со валкани политички игри, нелегални методи и антимакедонска програма не се добива власт. Македонскиот народ, преку вековната самосвест и искуство кои доживеале најгрозоморни ситуации во различни периоди, има научено да ги препознава сите обиди за уништување на било кој аспект од нашето битие, и консензуално да ги осуди сите оние кои соголени во бесот и очајот, дури, замислете ја таа ненормалност, кажуваат дека некој друг можело да не претставува нас, Македонскиот народ, во својата единствена национална држава, која сакаат да ја редефинираат односно обезличат, вели Науновски.

Според него, правото на Македонскиот народ да има држава денес е доведено под прашање од оние кои ја первертираат политичката суштина на Македонија со тоа што ги прифаќаат и промовираат буквално лудите идеи за некаква двојазичност, кантонизации, пренесување на државните атрибути на ниво на локални самоуправи, виткање на кичми, политички реваншизам итн., предолг е списокот на антимакедонската агенда која ја препознаваме и од мачната наша историја, како денес сите крвници да се собрале на куп со единствена цел да не снема како народ и држава.

-Денес од СДСМ се најавува нова репресивна редукција на правата на Македонскиот народ во државата, вистинско и најреално губење на самостојноста. Ние Македонците со СДСМ ќе ја изгубиме својата слобода да одлучуваме за себеси! Зарем пак ќе се случи ново замолчување на Македонскиот народ, брутално негирање на нашите најосновни животни потреби и интереси, повторно ли ќе завладее демонот на самонегирањето, откажување од сопствената колективна егзистенција, бездушно самопонижување?! Не, нема пак некој црпнати да ја направат Македонската стварност обичен привид на стварноста, нема повторно да ја десупстанцијализираат државата на Македонците! Нема да го дозволиме тоа на 11 Декември, и во тој контекст очекувам СДСМ да освои едвај неколку пратеници, вели Науновски.

Едвај дочекавме избори, со многу трпение, и тука е шансата мирно и демократски да се казнат тие што сакаат да ја редефинираат односно практично уништат нашата држава.

-Македонија мора да се ослободи од своето денес. Мора да се одбрани од оние внатре неа кои ја негираат нејзината егзистенција, кои и ја оневозможуваат иднината. Таа мора да ги казни сите оние кои не ја признаваат како организирана, демократска и правна држава. Ние денес практично го имаме Хобсовското право на одбрана на животот, како последна можност преку изборите. Ако државата не не заштити од црпнати, мораме самите ние! Правото на живот е природно, историско, универзално право.
На Македонците им е неопходен нов почеток. На државата Македонија и е потребно темелно прочистување на институциите преполни со луѓе кои делуваат против неа, против суштината на Македонија. Нашата држава мора да се ослободи од многу тежини. Македонија не може да преживее повеќе со тој товар обесен врз неа, врз сите нас. После изборите мора веднаш да се прочисти системот, идентификуваните непријателски центри внатре него. Тоа ќе биде почетокот на нова, посилна држава, нашата единствена Македонија, вели универзитетскиот професор и политички аналитичар.

 
 
26.11.2016 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа