Прегазен пешак на „Ленинова“ во Струмица

Вчера околу 20:00 часот во Струмица на булeвар „Ленинова“случена е сообраќајна незгода во која А.Д. (28) од Струмица управувајќи Автомобил „Голф“ со струмички регистарски ознаки удрил во пешакот В.В. (70) од Струмица.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди (потрес на мозок, фрактури на десна надколеница, ребро и два пршлени, набиеници на граден кош) и истиот бил пренесен и задржан на лекување во Медицинскиот центар во Струмица.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи во Струмица.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 
 
27.11.2016 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега