„Рено“ падна во провалија во близина на Македонска Каменица - едно лице тешко повредено

Вчера околу 21:20 часот на локалниот пат Македонска Каменица - село Моштица, случена е сообраќајна незгода во која Б.Ц. (22) од Македонска Каменица, управувајќи автомобил „Рено Меган“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица изгубил контрола над возилото, излетал од патот и паднал во провалија длабока околу четири метри. 

Во незгодата сопатничката од возилото С.Ѓ. (28) од Македонска Каменица, се здобила со фрактури на лева клучна коска и плешка, нагмечување на граден кош и глава и била пренесена и задржана на лекување во Медицинскиот центар во Штип.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица во Делчево.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 
 
27.11.2016 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега